Меркел и Трамп апелираат за воведување поригорозни санкции кон Северна Кореja
Германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп се заложија за воведување на поригорозни санкции кон Северна Кореја.
Двајцта лидери најновата нуклеарна проба на Северна Кореја ја оценија како „неприфатлива ескалација“.
- Германската канцеларка и американскиот претседател изразија став дека меѓународната заедница мора да продолжи да врши притисок врз режимот во Северна Кореја и оти Советот за безбедност на Обединети нации мора брзо да усвои дополнителни и поостри санкции, изјави портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт.
Тој додаде дека Меркел истакнала и дека ќе се заложи за опоостри санкции на Европска унија кон Пјонгјанг, со цел Северна Кореја да престане да го крши меѓународното право, како и да се постигне мирно решение за кризата.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата