Меркел и Ренци: Да се вратат дома мигрантите кои не можат да останат
Италијанскиот премиер Матео Ренци и германската канцеларка Ангела Меркел се согласија вчера да ги зајакнат напорите за мигрантите кои немаат право на азил во Европа да бидат вратени во земјите од каде потекнуваат.
- Сите ние во Европа мораме да работиме на репатријација на сите оние кои немаат право да останат. Незамисливо е да можеме сите да ги примиме, истакна Ренци по состанокот со Меркел во Маранел.
Меркел се согласи дека не можат сите мигранти да останат во Европа.
- И Италија го има истиот проблем, значи имаме заедничка агенда. Оние кои немаат право да останат, мораат да бидат вратени во земјите од каде потекнуваат, нагласи германската канцеларка.
Таа укажа на договорот кој ЕУ и Турција го потпишаа во март, со цел да се запре приливот на мигранти во Европа, како пример како соработката може да помогне во спречувањето на илегалната миграција.
Меркел додаде дека би требало да се употребат економските влијанија со цел оние кои планираат да мигрираат да останат во нивните земји.
- Важно е да постигнеме договор со земјите од каде потекнуваат мигрантите, објасни Меркел, давајќи ги како пример договорите на Италија, Франција и Германија со Мали и Нигер со цел унапредување на економскиот раст во субсахарските земји.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација