Свет
11. September 2019 - 12:31

Меркел: И понатаму постојат сите шанси за договор за Брегзит

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека се уште се надева на договор меѓу Велика Британија и Европска Унија за Брегзит и покрај неизвесната политичка состојба во Лондон.

– Цврсто сум убедена дека се уште имаме шанса да го постигнеме ова на организиран начин. И германската Влада ќе биде ангажирана до последен ден да го овозможи тоа, нагласи Меркел пред пратениците во Долниот дом на германскиот Парламент, осврнувајќи се на Брегзит.

Германската канцеларка исто така додаде дека Германија се подготвила и во случај на „неорганизиран Брегзит“.

Меркел посочи и дека Германија по Брегзит сака да одржи блиски економски и безбедносни врски со Велика Британија.