-->
-->
Меркел: И понатаму постојат сите шанси за договор за Брегзит
-->
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека се уште се надева на договор меѓу Велика Британија и Европска Унија за Брегзит и покрај неизвесната политичка состојба во Лондон.
– Цврсто сум убедена дека се уште имаме шанса да го постигнеме ова на организиран начин. И германската Влада ќе биде ангажирана до последен ден да го овозможи тоа, нагласи Меркел пред пратениците во Долниот дом на германскиот Парламент, осврнувајќи се на Брегзит.
Германската канцеларка исто така додаде дека Германија се подготвила и во случај на „неорганизиран Брегзит“.
Меркел посочи и дека Германија по Брегзит сака да одржи блиски економски и безбедносни врски со Велика Британија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ без конкретен одговор кога ќе пристигнат ветените вакцини на Западен Балкан
-
Пендаровски до Гир: Македонија останува силно посветена на политиката на добрососедство и регионална соработка
-
Спасовски: Ќе бидеме на висина на задачата за Водици со зголемени активности на полицијата
-
На инфективните оддели во земјава се лекуваат 650 пациенти со Ковид-19
-
Српски адвокати ќе ја поднесат првата тужба за отштета од НАТО во име на болни од рак
-
Епидемиолошката состојба во Хрватска е подобра, но не и стабилна
-
Еден позитивен пратеник, еден чека резултати од тест, Собранието не може да одржи седница поради неприсуство на опозицијата
-
Приведен и протеран турски државјанин