Свет
9. January 2016 - 9:22

Меркел: И натаму е преголем бројот на бегалци кои пристигнуваат во Германија

Бројот на бегалци кои пристигнуваат во Германија е намален, но и натаму е преголем, синоќа на партиски собир во Мајнц изјави германскиот канцелар Ангела Меркел, пранесе ТАСС.

-Сега пристигнуваат значително помалку отколку претходно, но тие и натаму се премногу, посочи Меркел.

Податоците на германското Министерство за внатрешни работи покажуваат дека во 2015 година во Германија биле регистрирани речиси 1,1 милион бегалци.