Меркел го повика Вучиќ на 13 април во Берлин
Српскиот претседател Александар Вучиќ следниот петок на 13 април ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, на нејзина покана, вторпат во рок од месец и пол, потврдија од кабинетот на Вучиќ.
Веста за состанокот е потврдена и од Берлин, јави дописникот на МИА од Белград.
- Во рамки на заедничкиот ручек ќе бидат разгледани билатералните односи на двете земји, регионалните прашања, како и европските и економските теми, најави денеска заменик портпаролот на германската влада Урлике Демер.
Вучиќ и Меркел последен пат се сретнаа во Берлин на 27 февруари, исто така на нејзина покана, а претстојната средба ќе биде нивен 12 состанок.
- Станува збор за работна посета, за чие време предвидено е нивна средба, работен ручек и изјави за медиумите, прецизираа од кабинетот на српскиот претседател, од каде што додаваат дека овој состанок се смета како дел од редовните консултации на Вучиќ со влијателни личности од европската и светската сцена.
Во пресрет на состанокот со Меркел во февруари, Александар Вучиќ изјави дека сака од канцеларката да слушне како таа го гледа односот меѓу Белград и Приштина, севкупните регионални односи, но и да побара подршка за компромисно решение меѓу Србија и Косово.
- Неприфатливо е Србија да биде единствениот губитник во решавање на косовското прашање, изјави тогаш Вучиќ, укажувајќи и на германската канцеларка дека не постојат еднострани решенија и дека Србија е подготвена на компромис и секоја од страните по нешто да изгуби.
По состанокот Вучиќ констатираше дека Србија од Германија очекува подршка и ангажман во изнаоѓањето помош во сеопфатното решение со Косово, додека Меркел изјави дека таа нема да пропишува што треба да се случи по прашањето за Косовп, како и дека нема да дели совет, особено не преку медиумите.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок