Меркел е подготвена за средба со Путин ако има напредок во Украина
Германската канцеларка Ангела Меркел има желба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во врска со украинската криза, но средба не е закажана ниту ќе се случи се додека нема напредок во мировниот процес, изјави денеска портпаролот на германската Влада Штафан Зајберт, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
- Останува позицијата дека канцеларката е подготвена за таква средба доколку се појават можности за напредок. Средба ќе има доколку има напредок при имплементацијата на договорот од Минск во интерес на луѓето во источна Украина, изјави портпаролот на Меркел, Штефан Зајберт на редовна прес-конференција денеска во Берлин.
Тој одби да даде конкретен рок кога би дошло до средба меѓу лидерите на Германија и Русија.
Минатата недела Зајберт пред новинарите изјави дека канцеларката Меркел има редовни контакти со рускиот претседател во врска со конфликтите во Украина и Сирија.
Германската Влада на почетокот на септември објави дека дошло до телефонски разговор меѓу двајцата лидери за состојбата во источна Украина.
ЕУ и САД во февруари треба да решаваат за продолжување на економските санкции, кои што и беа наметнати на Русија поради анексијата на Крим, по што драматично се влошија односите меѓу Берлин и Москва.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата