Меркел денеска во Тирана на состанок со лидерите од Западен Балкан
– Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја продолжи својата посета на Западен Балкан денеска во Тирана, каде што ќе има билатерална средба со албанскиот премиер Еди Рама, со кого ќе разговара за билатерални и економски прашања, како и за приближувањето на земјата кон Европска унија.
Канцеларката ќе присуствува потоа на ручек со премиерите на сите земји од Западен Балкан, на кој главна тема ќе биде регионалната соработка, по што ќе следи прес -конференција.
Пред враќањето во Берлин, Ангела Меркел ќе има билатерални средби со шефовите на владите на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Косово, соопшти германската амбасада во Тирана.
Советот на министри на Босна и Херцеговина објави дека на состанокот на Ангела Меркел со лидерите на Западен Балкан ќе присуствува претседавачот Зоран Тегелтија, кој потоа ќе има билатерална средба со германската канцеларка.
Кабинетот на премиерот на Црна Гора објави дека Здравко Кривокапиќ ќе отпатува за средба во Тирана.
„Темата на заедничкиот состанок со лидерите на земјите од Западен Балкан ќе биде регионалната соработка и нејзиното подобрување“, се вели во соопштението.
Германската канцеларка вчера беше во посета на Србија.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња