Меркел: Брегзитот ќе има своја цена
Европската унија ќе се однесува праведно кон Велика Британија откако земјата ќе го напушти блокот, но Лондон мора да биде свесен дека Брегзитот ќе има своја цена, изјави денеска во Берлин германската канцеларка Ангела Меркел.
Говорејќи на конференција за семејните бизниси, Меркел нагласи дека цената од Брегзитот за Велика Британија ќе биде поголема доколку Лондон не се согласи на слободно движење на државјаните на земјите членки на ЕУ.
- Ќе треба да видиме како да го избалансираме сето тоа. На ЕУ ќе и се потребни механизми за справување со новите правила во Велика Британија по Брегзитот, кои би можеле да ја загрозат слободната конкуренција, порача Меркел.
Велика Британија во март официјално го покрена процесот за истапување од ЕУ, а преговорите меѓу Лонсон и Брисел за Брегзитот се очекува да започнат следниот месец.
Меркел претходно и порача на Велика Британија дека ќе треба да очекува подистанциран однос од страна на ЕУ, кога веќе нема да биде членка на Унијата.
Ново на Сител
-
Расчистена кражба во Гостивар
-
Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени
-
Општините ќе одлучуваат дали ќе ги легализираат или рушат дивоградбите
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата