Свет
2. December 2015 - 15:41

Меркел: Авганистанците кои доаѓаат во Германија за подобар живот ќе бидат вратени

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека Авганистанците кои пристигнуваат во Германија да бараат подобри економски услови, ќе бидат вратени назад во Авганистан.

На заедничка прес-конференција со авганистанскиот претседател Ашраф Гани во Берлин, Меркел изјави дека Германија ќе ги исполни хуманитарните обврски кон Авганистанците, кои се во сериозна опасност, бидејќи работеле за странските сили, вклучувајќи го и германскиот контингент.

- Но оние мигранти кои се надеваат на подобар живот, а јас знам дека многумина негуваат таква надеж, немаат причина да добијат азил ниту пак можност да живеат тука, рече таа и додаде дека во вакви случаи луѓето ќе бидат вратени назад во нивната земја.