Свет
7. April 2017 - 14:50

Меркел: Американскиот напад врз сириската авиобаза е разбирлив

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека нападот со американските ракети врз сириската база, е разбирлив, со оглед на фактот колку страда сирискиот народ.

-Нападот на САД е разбирлив доколку се имаат во вид димензиите на воените злосторства, страдањата на недолжните граѓани и блокадата во Советот за безбедност на ОН, рече Меркел, пренесоа британските медиуми.

Таа нападите ги оцени како „ограничени и со јасна цел“.

САД во  текот на ноќта истрелаа 59 крстосувачки ракети врз сириската воздухопловна база, за која тврдат дека од неа почнал нападот со хемиско оружје во кој неделава беа забележени голем број жртви.