Македонија
15. April 2018 - 13:13

Мерцедес удрил во градежни машини во Шутка, две лица повредени

Две лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 19 часот во Шуто Оризари.

Од полицијата информираат дека „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од О.К. (40) од с.Визбегово-Скопје, удрил во паркирани товарни возила „Ман“ со скопски регистарски ознаки и работна машина „Липкер-914“.

- Со возило на Итна медицинска помош двајцата сопатници од патничкото моторно возило „Мерцедес“ -Е.К. (17) и Н.Ш. (24) од Визбегово биле пренесени  во Ургентен центар -Скопје, каде на Е.К.  му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување, а кај Н.Ш. се констатирани телесни повреди и е пуштен на домашно лекување, информираат од МВР.

Увид извршила екипа од СВР-Скопје.