Ф1
15. March 2019 - 9:03

Мерцедес најбрзи на тренинзите во Мелбурн

Луис Хамилтон беше најбрз во двата слободни тренинзи пред квалификациите за ГП на Авсралија, а клубскиот колега во Мерцедес, Валтери Ботас остана втор само на 48 стотинки заостанување. Поинтересно беше дека и двата болиди на Ред Бул завршија пред Ферари, откако Макс Верстапен беше на осум десетинки зад Ботас, а Пјер Гасли беше само 42 илјадити делови од секундата побавен од Холанѓанецот.

Ферари ја почнаа добро сесијата и го диктираа темпото со гумите „медиум“, иако Фетел се жалеше од проблеми при кривините 1 и 4. Подоцна со гумите „софт“ Себастијан успеа да даде петто време, а неговите поплаки продолжија. Клубскиот колега Шарл Леклер остана едвај деветти.

Кими Раиконен го потврди своето шесто време од утринските часови со Алфа Ромео, откако заврши на десет стотинки зад неговиот поранешен тимски колега Фетел и малку пред двата автомобила на Рено. Кај „жолто-црните“, Хулкенберг беше побрз од Рикардо.

Топ 10 ги оформи Ромен Гроќан со Хас.