МЕР: Продлжува изградбата на гасоводот по постигнатата согласност со активистите
Акционерското друштво за вршење енергетски дејности „Македонски енергетски ресурси“ (МЕР) денеска соопшти дека почнаа активностите за продолжување на изградбата на магистралниот гасовод откако е постигната согласност со граѓанските активисти.
Станува збор за магистралниот гасовод Делница 5 Скопје - Тетово - Гостивар кај потегот на Водно.
- МЕР АД Скопје ја информира јавноста дека по постигнување на согласност со граѓанските активисти кои ќе бидат дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект, од понеделникот 08.10.2018 година се почнати активностите за продолжување на изградбата на Магистрален гасовод Делница 5 Скопје-Тетово-Гостивар кај потегот на Водно и тоа од км 25 до км 26 на потегот кон Шишево, се наведува во соопштението од МЕР
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот