Менкиноски: Белешката од АНБ е единствен доказ за притворот на Камчев
Адвокатот Тони Менкиноски денеска на прес-конференција рече дека не е вистина тврдењето на јавниот обвинител за организиран криминал Вилма Рускоска дека белешката од Агенцијата за национална безбедност не е доказ во постапка во која е притворен Јордан Камчев.
Менкиновски кажа дека според сите решенија на судот со кои е ограничена слободата на Камчев, експлицитно еден и единствен доказ е белешката на АНБ.
– Белешката е празна и не содржи ништо. Да напоменеме согласно со македонското позитивно право или поточно со чл.43 ст.2 од законот за АНБ ,изрично е забрането податоците од АНБ да се користат како доказ во кривична постапка. Би сакаме да потсетиме дека одбрана во целиот арбитререн процес укажува на ова противправно и незаконито дејстување на АНБ и Јавниот обвинител. Но, ниту Судијата на претходна постапка, ниту кривичниот совет ниту Апелационен суд не сакаат да обрнат внимание, и оваа белкешка ја сметаат за единствен доказ во нивните одлуки, забележа Менкиновски.
Тој јавно прашува зошто Јордан Камчев бил предмет на обработка на АНБ, и тој претставува закана по националната безбедност?
Според него, направени се повреди во постапката од АНБ, од обвинителката Лиле Стефанова и од судиите од Кривичниот совет кои одредија и ја продолжија мерката притвор за Камчев.
Рече и дека одбраната се уште ја нема добиено белешката од АНБ и оти бараат фер постапка пред објективен и непристрасен орган, каде низ аргументи и докази ќе докажеле дека Јордан Камчев не е виновен и дека се работи, како што наведе, за процес со кој се сака да му се наштети на неговиот углед и репутација како истакнат стопанственик.
Тој информира дека предметот е веќе на опсервација и разгледување на повеќе меѓународни ентитети на Советот на Европа, чиј мандат е заштита на основните човекови права.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.