Мендух Тачи смета дека избори може да има во јуни
Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи смета дека во јуни треба да има избори. Тој на денешната прес-конференција истакна дека изборите се важни за да се заздрави економијата во наредниот период.
-Мислам дека после празникот Бајрам (н.з 24 мај) по 21, 22 дена да имаме избори. Многу е важно да има избори затоа што покрај оваа битка со вирусот ни претстои уште една голема битка, битка за економско опоравување на нашиот народ, смета Тачи.
Тој истакна дека треба да се отворат верските објекти, порачувајќи дека битката со вирусот ќе трае и ќе треба да се живее со Ковид-19.
Препочитувам да се отворат и религизоните објект, но многу претпазливо со голема одговорноста на раководителите на тие објекти и на луѓето што работат. Со почитување на сите мерки. Претпочитувам да се олабават сите условно речено стегнати ситуации од страна на Владата но во ист момент тоа не значи дека од кога ќе олабават овие мерки дека и ние како граѓани ќе олабавиме. Напротив секој ќе се однесува одговорно што значи миење на раце, дистанца, ракавици и носење на маска, рече Тачи.
Ново на Сител
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето