Loading Video...
Фудбал
19. јуни 2019 - 16:17

Менди официјално нов член на Реал Мадрид

Францускиот дефанзивец Ферлан Менди од денес и официјално е нов фудбалер на Реал Мадрид.
 
Претседателот Флорентино Перез го претстави Менди како најдобриот лев бек, а тој ќе ја засили конкуренција на споменатата позиција на која долги години настапува Марсело
 
Има 24 годинишниолт Французин доаѓа во Реал за сума од 48 милиони евра, а е вкупно четвртото засилување досега кај „кралевите“ откако минатата седмица на   „Сантијаго Бернабеу“ беа претставени Лука Јовиќ, Родриго и Еден Азар.
 
Со враќањето на Зинедин Зидан на тренерската позиција, Реал и пред се претседателот Перез се во обид повторно да создадат „дим тим“ кој ќе повторно ќе атакува на шампионските титули, не само во Шпанија туку првенствено во елитната Лига на шампиони.