Македонија
20. September 2017 - 9:27

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска ќе присуствуваат и ќе се обратат на седмиот меморијален турнир во мал фудбал „Херои на Македонија - 2001“ кој се одржува во чест на загинатите бранители од 2001 година и настаните од Куманово.
 
Меморијалниот турнир ќе се одржи во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ – Скопје со почеток во 9 часот.
 
Настанот е организиран од Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и Здружението на семејствата на загинатите припадници на вооружените сили на Република Македонија „Херои на Македонија 2001“, а оваа година е под покровителство на Министерството за одбрана.