Спорт плус
6. December 2022 - 21:00

ИН МЕМОРИАМ: Почина д-р Милош Вучидолов

Вчера, во Скопје, почина Проф. Д-р Милош Вучидолов, основополжник на спортската медицина во Република Македонија, прв претседател на Здравствена комисија на МОК, главен спортски доктор на спортистите – олимпијци од Македонија и поранешна СФРЈ, Доктор “Вучи“ беше добитник на многубројни признанија и награди од домашните спортски асоцијации но  и други национални и меѓународни спортски институции.
Како главен доктор на најдобрите македонски и југословенски спортисти, учествуваше и на Олимписките игри Минхен 1972, Монтреал 1976, Москва 1980, Лос Анѓелес 1984, Сеул 1988, Барселона 1992, Атланта 1996, Сиднеј 2000 и Атина 2004.