Бизнис
11. December 2015 - 8:43

Меморандум за соработка во областа на енергетиката меѓу Македонија и Албанија

Меморандум за соработка во областа на енергетиката денеска во Струга ќе потпишат министерот за економија на Република Македонија, Беким Незири и министерот за енергетика и индустрија на Република Албанија, Дамиан Ѓикнури.

Согласно меморандумот приоритетни области за соработка се секторот за електрична енергија, јаглен, природен гас, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, сигурност во снабдувањето со енергија, како и подготовка на инфраструктурни проекти за интерконективно поврзување и други проектни иницијативи.