Македонија
20. August 2019 - 8:32

Меморандум за соработка во локалната самоуправа со Бугарија

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и министерката за регионален развој и урбанизам на Бугарија, Петја Аврамова денеска ќе потпишат Меморандум за соработка меѓу двете министерства.

Потпишувањето на меморандумот е во рамките на имплементацијата на Договорот за пријателство, соработка и добрососедство, потпишан меѓу владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија.