Бизнис
6. July 2017 - 9:48

Меморандум за соработка помеѓу средното училиште „Наце Буѓони“ и Ван Хул Македонија

Кумановското средно стручно училиште ,,Наце Буѓони’’, склучи Меморандум за соработка со компанијата  Ван Хул Македонија, со кој се предвидува заедничка соработка, преку која учениците ќе се стекнат со практични знаења, а компанијата ќе обезбеди стручен и квалификван кадар, соопштија денеска одговорните од училиштето.

Учениците  од завршните години на електротехничката и машинската струка ,,Наце Буѓони’’ ја посетија фабриката за производство на автобуси, сместена во индустриската зона во Илинден, Скопје каде се запознале со начинот на фукционирање на компанијата, производствениот процес како и условите при работа на вработените. Воедно, како идни потенцијални вработени се запознале и со начинот на аплицирање за слободните работни позиции и условите за практикантска обука

Во стручното образование секогаш има потреба од соработка со бизнис секторот, бидејќи тоа придонесува за усовршување на знаењата и вештините кај учениците во текот на образованието, а  воедно претставува и дополнителна мотивација за учениците, бидејќи по завршување на средното образование ќе се стекнат со вештини потребни за работниот процес и ќе се поконкурентни на пазарот на трудот. Нашето училиште секогаш е отворено за соработки од ваков вид, изјави директорката на училиштето, Лидија Михајловска.
 
Соработката меѓу училиштето и компанијата ќе се реализира на   повеќе полиња од аспект на користење на расположливите ресурси и стекнатите искуства, а активностите ќе содржат презентирање на практично искуство и инструкции од страна на вработените на Ван Хул на учениците од  ,,Наце Буѓони’’ во сфера на образовните профили и струки, техничар за компјутерско управување, машинско – енергетски техничар, машински механичар, електротехничар енергетичар.