Македонија
21. February 2017 - 8:32

Меморандум за соработка меѓу скопскиот Центар за вработување и граѓански организации

Центарот за вработување на Град Скопје денеска ќе потпише Меморандум за соработка со 11 здруженија од граѓанскиот сектор, во насока на економско јакнење на жената, поттикнување на женското лидерство и претприемништво и нивно зголемено вклучување на пазарот на труд.

Основна цел е поддршка на Оперативниот план за 2017 година и зголемено вклучување на жените во искористување на активните програми, мерки и услуги за вработување.

Меморандумот ќе го потпишат раководителката на Центарот за вработување на град Скопје, Слободанка Алексовска и претставници на 11-те здруженија на граѓани.