Меморандум за соработка меѓу националните галерии на Македонија и Косово
Директорите на националните галерии на Македонија и Косово, Дита Старова Ќерими и Зени Балажи, вчера потпишаа меморандум за соработка.
- Со овој чин се официјализираше соработката која ќе се одвива на неколку различни нивоа, како: реципрочна размена на квалитетни уметнички содржини, индивидуални уметнички проекти, концепциски изложби, споделување на вредни гостувачки меѓународни изложби, ќе се врши институционална размена на полето на менаџирањето на институции од културата, ќе се одржуваат разменски семинари, предавања и општа размена на искуства во секој домен на работа на институциите, со цел подобро меѓусебно запознавање на актуелните уметнички сцени и отпочнување на регуларна годишна регионална соработка, соопшти денеска Националната галерија на Македонија.
Ново на Сител
-
21 починат и 444 нови случаи на коронавирус во земјава
-
Можно е Германија да го стопира меѓународниот воздушен сообраќај поради Ковид-19
-
Силјановска Давкова: Можеби закон поддржан со 10.000 потписи на граѓаните ќе се најде на дневен ред во Собранието
-
Д-р Пановски: Јас прв ќе се вакцинирам со кинеската вакцина
-
61-годишна жена од Швајцарија фатена како користи кокаин во Кичево
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за вакцини а не го гласаше Законот за лекови
-
Јаневски нов тренер на кипарски Олимпијакос
-
Пристапот до антиковид вакцините, тема на разговорот на Димитров и Османи со Борел