Македонија
20. April 2016 - 11:52

Меморандум за соработка меѓу Министерството за правда и Советот за родова рамноправност

Mинистерот за правда  Валдет Џафери потпиша Меморандум за соработка со Националниот совет за родова рамноправност, застапуван од претседателката Савка Тодоровска.
 
Целта  на меморандумот, како што соопшти денеска Министерството за правада, е преку меѓусебна соработка на оваа институција и Националниот совет да се унапреди заштитата на жените од родово базирано насилство во согласност со европските стандарди, при што ќе се промовира партнерски однос на институциите од централната и локалната власт и цивилното општество.
 
Во рамките на оваа соработка се предвидуваат обуки за претставниците на институциите заради зголемување на нивните знаењата за важноста и потребата од соодветна општествена реакција против родово базираното насилство.
 
Меморандумот предвидува и реализација и на активности за унапредување на постојната законска регулатива и нејзино усогласување со меѓународните стандарди што треба да овозможи соодветна заштита на жените жртви на родово базирано насилство.