Македонија
7. October 2016 - 15:53

Меморандум за соработка меѓу Македонска и Турска пошта

Македонска пошта и Турска пошта потпишаа меморандум за соработка со кој се согласија да ги зајакнат компаративните предности во сите подрачја од работењето во заеднички интерес, особено преку размена на искуства.

Во документот што денеска во Истанбул, Турција  го потпишаа генералниот директор на Македонска пошта Фаадис Реџепи и генералниот директор на Турска пошта Кенан Бозгејик се предвидува посебен акцент од двете управи да се става на развојот на e-commerce во Македонска пошта. 

- Поддршката од Турска пошта е од големо значање за нас и ќе ни помогне за побрзо реализирање на нашите деловни планови за развој на постоечките услуги, воведување на нови услуги, особено услугите за e-commerce како можност за понатамошен развој на Македонска пошта, изјави генералниот директор на Македонска пошта Реџепи по потпишувањето на меморандумот.