Македонија
11. December 2015 - 20:16

Меморандум за соработка меѓу Македонија и Албанија во областа на енергетиката

Министерот за економија Незири и министерот за енергетика и индустрија Ѓикнури потпишаа меморандум со кој се потврдуваат и продолжуваат добрососедските односи меѓу двете земји а  позитивните резултати се очекуваат во најскоро време.

Станува збор за важен чекор кон воспоставување на регионалниот пазар на електрична енергија.

Албанскиот министер за енергетика и индустрија Ѓикнури истакна дека двете држави имаат извонреден прогрес за реализација на проектот за изградба на интерконекцијата Битола – Елбасан и очекува дека во 2017 година ќе има конкретни чекори.

Овој проект е дел од иницијативата на Европската Комисија, за воспоставување на пренослив коридор на електрична енергија исток-запад, помеѓу Бугарија, Македонија, Албанија, Црна Гора и Италија.