Бизнис
10. November 2017 - 8:17

Меморандум за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој

Македонската Влада и Амбасадата на Швајцарија во Македонија ќе соработуваат во спроведување  активности за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој.

За таа цел денеска во Владата ќе биде потпишан меморандум за разбирање од страна на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и амбасадорка на Швајцарија во Македонија, Сутер Техада.