Македонија
12. February 2018 - 8:39

Меморандум меѓу Дирекцијата за класифицирани информации и Факултетот за безбедност

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации денеска ќе потпише меморандум за соработка со Факултетот за безбедност. 

Меморандумот ќе го потпишан директорот на Дирекцијата Стојан Славески и директорот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски. 

Освен меморандумот, директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации ќе одржи предавање за безбедносната култура и заштитата на тајните информации во безбедносниот систем на Македонија.