Свет
1. August 2019 - 21:43

Мемоарите на Сноуден излегуваат на 17 септември

Поранешниот соработник на американската Национална агенција за безбедност (НСА) Едвард Сноуден напиша мемоари кои ќе бидат објавени на 17 септември.

Книгата на човекот кој објави доверливи документи на НСА во исто време ќе биде објавена во повеќе од 20 земји во светот, соопшти издавачката куќа Метрополитен букс.

Сноуден во книгата ја опишува својата улога во собирањето податоци од надзор и „кризата на совеста“ која го наведе да објави доверливи податоци во 2013 година.

Сноуден во моментов живее во егзил во Москва.