Македонија
9. July 2019 - 16:22

Мемеди го напушти Собранието - 14 директори веќе со решенија за разрешување

Весел Мемеди, лидер на НДП и официјално повеќе не е пратеник и потпретседател на Собранието. Денеска беше констатирана неговата оставка што тој ја најави откако НДП остана без министерот за локална самоуправа Сујхел Фазлиу со последната владина реконструкција на премиерот Заев.

Во своето јавно образложение кажа дека политичка игра меѓу Заев со лидерот на ДУИ Али Ахмети за заштита на нивните лични и политички интереси го избркале од владата помалиот албански партнер. Според Мемеди, СДСМ користи удбашки методи за да го намали влијанието на албанскиот фактор во Владата.

- Преку таквите методи, се врши притисок и уцена кон сите албански личности и кадри, од функционери па се до најниските административци, за да се одвојат постепено од нивната матична албанска партија, и да ја прифатат политичката платформа на СДСМ како нивна, по можност во иднина и јавно да се зачленуват во СДСМ, се со цел ослабување на улогата на политичкиот албански фактор во власта. Ова е истата логика која ја применуваше и ВМРО кон албанските кадри, и можете слободно и сами да се уверите колку е траги-комично. СДСМ треба веднаш да престане со копирање на лажната и трагичната филозофија што ја наметнала претходната власт, ако веќе не касно, вели Весел  Мемеди.

Мемеди не штедеше зборови за да ги критикува двајцата лидери, споменувајки ги и инцидентите во ИВЗ, а Заев и Ахмети ги обивни за нечесен и непринципиелен однос.

На негово место ќе треба да дојде Арта Точи од Алијансата на Албанците, додека пак, на местото на Горан Милевски кој стана министер парламентот денеска го верификуваше мандатот на Александра Цветковска.

Владејчаките СДСМ и ДУИ не сакаа да ги коментираат обвинувањата на Мемеди, но затоа пак, премиерот Зоран Заев веќе открива детали за бран од метлата што треба да ги опфати директорските позиции.

Со владината реконструкција беа опфатени шест министерски позиции, а премиерот најави дека целата операција метла треба да опфарти околку 200 партиски и9 јавни функцинери.