Бизнис
4. July 2016 - 9:09

Мелничарите и производителите на средба во МЗШВ

Производителите на пченица и мелничарите денеска треба да имаат заедничка средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На средбата, како што најави министерот Михаил Цветков, ќе се разговара за актуелните прашања околу откупот. 

Во фокусот ќе биде цената на годинашната реколта за која мелничарите нудат најмногу осум денари, а земјоделците бараат 11.

Според министерот Цветков, цената ја дефинира пазарот, но државата ќе им помогне на производителите со две интервентни мерки: 80 отсто поддршка за чување на житото во Прилеп и Велес, како и дополнителни субвенции од по два денара за килограм или 6.000 денари за хектар.