Џет-Сет
27. November 2018 - 10:32

Меланија Трамп се потруди да блесне Белата куќа, еве како ја накити за Божиќ

Американската прва дама Меланија Трамп ја претстави Белата куќа во годинешното божиќно руво, кое сама го осмисли, и е засновано на „американските богатства“.

 
Меѓу куќните украси има дрво подарено од семејства на загинати американски војници, полици над каминот со слики од Њујорк, Сент Луис, Чикаго и Сан Франциско… Тука е и традиционалната новогодишна куќичка за деца, како и елка висока 5,5 метри.

Меланија Трамп на Твитер објави и видео-снимка на која се гледаат натписи од нејзината хуманитарна кампања „Биди најдобар“, што е наменета за децата од ранливите категории.