Свет
21. November 2016 - 12:04

Меланија Трамп не сака да се пресели во Белата куќа

Доналд Трамп од јануари следната година ќе се пресеси во Белата куќа, но без сопругата Меланија и синот Барон.

Како што пишува „Њујорк Пост“, Меланија и Барон Трамп ќе му се придружат  на идниот претседател на САД во Белата куќа по шест месеци, кога нивниот десетгодишен син ќе ја заврши учебната година во Њујорк.

- Меланија е многу блиска со синот, а бидејќи самата кампања на Барон тешко му падна, таа се труди повеќе да не му отежнува, пишуваат медиумите.

Барон посетува привтно училите каде трошоците за школарина чинат 400.000 долари годишно. Мајка му редовно му помага за домашните задачи, а Доналд во неколку наврати рече дека немаат дадилка за синот и дека бројот на вработени во луксузниот пентхаус се обидуваат да го сведат на минимум.

- Ако имате премногу помош, нема да стигнете да го запознаете своето дете, рече тој за списанието „Пипл“.