-->
-->
Мел Гибсон повторно на големото платно
-->
По четиригодишна пауза актерот Мел Гибсон се враќа во новиот филм под име „Заштитник“, кој е снимен според истоимениот роман.
Дејствието во филмот го следи поранешниот затвореник Џон Линк (кој го глуми Гибсон), чија 16-годишна ќерка има проблеми со насилни дилери на дрога.
Иако Џон донекаде се смирил и времено се откажал од своите поранешни бурни активности, сепак се враќа во „игра“ на работ од законот и разумот, со цел да ја заштити својата отуѓена ќерка и повторно со неа да воспостави родителски однос.
Во филмот играат и Ерин Моријарти, Диего Луна и Мајкл Паркс, а режисер е Жан-Франсоа Рише, познат по филмот „Државен непријател бр.1“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ пред одлука за следните чекори со цел предвремени избори
-
Ковачевски: Бугарите во Македонија ги имаат сите права
-
Народна банка со нови проекции
-
Утре продолжуваат преговорите СОНК – Влада
-
По цели 20 години штипските пожарникари добија нова опрема
-
Шведскиот парламент денеска гласа дали земјата ќе аплицира за влез во НАТО
-
Парите од ММФ нема да бидат доволни да се покрие буџетската дупка, еврообврзницата повторно во опција
-
Собор на СПЦ: Ќе се носи ли одлука за МПЦ-ОА?