Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата
Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автобиографијата, која според многумина содржи досега непознати и сочни детали од нејзиниот приватен живот. Книгата е насловена „Брутално искрена'', а во неа, на пример, „спајсицата“ признава и дека се обидела да се убие во 2014 година.
Имено, тогаш „животот и бил далеку од гламур и сјај“, па еден ден решила да испие 200 таблети. А, тоа и бил втор обид за самоубиство. За тоа го обвинува својот поранешен сопруг Стивен Белафонте, кој, како што таа вели, со години ја злоставувал.
Мел Би била и зависничка од кокаин, а во тој пекол завршила сакајќи да се оттргне од депресијата.
- Додека бев во жирито на „Америка има талент“, на секоја пауза излегував од студиото и шмркав кокаин, пишува Мел, признавајќи дека дрогата е поголема пропаст од депресијата.
По разводот, почнала да оди на пластични операции, па и на „подмладување на в*гината“.
Во бракот со Белафонте, таа сакала и „секс-тројки“, и тој да ги снима. Честопати во таа игра, таа повикувала и славни личности, при што Рита Ора, на пример, ја одбила.
Брачната двојка се разведе во декември 2017 година.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово