Свет
5. April 2016 - 8:36

Мексико прогласи еколошка тревога поради загадување на воздухот

Властите на мексиканскиот главен град прогласија еколошка тревога поради загадувањето на воздухот 1,5 пати над дозволената граница, само неколку часа пред воведувањето на непопуларната мерка за намалување на автомобилите на улиците.

На жителите на Мексико Сити и на неговите предградија, особено на оние кои страдаат од белодробни заболувања или болести на срцето им се препорачува да бидат внимателни и без потреба да не излегуваат на отворено.

Од 5 април до 30 јуни ќе важи програмата за забрана на користење автомобили во определени денови од неделата и таа важи за сите возила, регистрирани во регионот. За почитување на правилата се задолжени над три илјади припадници на силите за заштита на редот. 

Градските власти им понудија на жителите бесплатни автобуси и намалување на цените на таксито. 

Во средината на март Мексико прогласи еколошка катастрофа прв пат во изминатите 14 години поради значително зголемување на концентрацијата на штетни честички во воздухот.