Свет
30. December 2021 - 8:52

Мексико одобри употреба на кубанската вакцина против Ковид-19

Мексиканскиот регулатор за лекови ја одобри кубанската вакцина против ковид-19 „Абдала” за итна употреба.

Абдала е десетта вакцина против Ковид одобрена од Федералната комисија за заштита од здравствен ризик за употреба во Мексико.
Кубанските вакцини се базираат на рекомбиниран протеин, технологија што ја користат и американската фармацевтска компанија Новавакс и француската Санофи. Според кубанските научници нивната ефикасност е над 90 отсто.

Надвор од Куба, Абдала е одобрена во Никарагва, Виетнам и Венецуела, која веќе има потпишано договор со Хавана за набавка на 12 милиони дози.