Свет
8. јуни 2019 - 9:00

Мексико и САД се договорија, Трамп на „неодредено“ се откажа од зголемување на царините

Мексико се согласи да прими повеќе мигранти кои бараат азил во САД во периодот додека азилантите ќе ја чекаат одлуката на американските власти за нивните случаи, се наведува во заедничката декларација на САД и Мексико, која беше објавена синоќа.

Мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард вели дека в понеделник ќе почне распоредување на припадници на Националната гарда на Мексико на кужната граница со Гватемала со цел да се спречи прилив на мигранти кои одат кон САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека поради постигнатиот договор, тарифите кои требаа да стапат во сила в понеделник се суспендирани на неопределено време.