-->
-->
Мексико: Бројот на загинати во земјотресот достигна 32 лица
-->
Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Мексико достигна 32 лица, изјави гувернерот на сојузната држава Оахаја, Алехандро Мурат.
Тој наведе дека од 17 до 20 лица загинале во градот Хучитан, јужно Мексико.
- Во Хучитан има разурнати куќи во кои има луѓе, посочи федералниот координатор за цивилна заштита Луси Фелипе.
Властите стравуваат дека бројот на загинати е многу поголем.
Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието истакна дека тоа е „најсилниот земјотрес“ во земјата во последните 100 години.
Геолошкиот институт на САД соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 8,1 степен според Рихтерова скала.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи