Свет
8. September 2017 - 17:45

Мексико: Бројот на загинати во земјотресот достигна 26 лица

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Мексико достигна 26 лица, соопштија властите во земјата.

Гувернерот на сојузната држава Оахака, во јужниот дел на Мексико, изјави дека меѓу 17 и 20 луѓе кои загинале во тој регион биле во градот Јучитан.

Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието истакна дека ова е „најсилниот земјотрес“ во земјата во последните 100 години.

Геолошкиот институт на САД соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 8,1 степен според Рихтерова скала.