Свет
20. January 2017 - 8:28

Мексиканскиот нарко лорд Ел Чапо екстрадиран во САД

Познатиот мексикански нарко лорд Хоаким Гузман, познат по прекарот Ел Чапо е екстрадиран во САД, соопштија мексиканските власти.

Домашните медиуми претходно открија дека Ел Чапо бил префрлен на аеродромот во мексиканскиот пограничен град Сиудад Хуарез.

Гузман беше на листата на јабарни лица во САД, обвинет за шверц на големи количества дрога и наркотици на американската територија.

Водачот на мексиканскиот нарко картел „Синалоа“ се соочуваше со две барања за екстрадиција во САД, едната во Калифорнија , а другата во Тексас, каде би можел да добие и смртна казна.

Мексиканските медиуми тврдат дека Ел Чапо бил префрлен во Њујорк.

Минатата година тој беше сместен во затворот во градот Хуарез, кој се наоѓа наспроти тексашкиот пограничен град Ел Пасо, но властите во Мексико демантираа дека префрлувањето било дел од подготовките за екстрадиција.

Во минатото овој криминалец успеа на два пати да побегне од два добро обезбедувани мексикански затвори.

Во февруари 2014 година беше пронајден и затворен по 13 години поминати во бегство, но во јули следната 2015 година Гузман одново успеа да побегне.

Уште еднаш беше најден и уапсен во јануари минатата година, во местото Лос Мохис во сојузната држава Синалоа, а во мај, мексиканскиот суд дозволи Хоаким Гузман, Ел Чапо да биде екстрадиран во САД.