Свет
21. October 2016 - 8:23

Мексикански суд одобри екстрадиција на Ел Чапо во САД

Мексикански суд отфрли неколку жалби на наркобосот Хоакин „Ел чапо“ Гусман против одлука да биде екстрадиран во САД каде е под обвинение за убиства и шверц на дрога.

Адвокатот на Гусман најави жалба пред Врховен суд.

Во мај мексиканските власти одобрија екстрадирање на Гусман во САД, но адвокатите оспоруваа таква одлука пред суд.

Минатата недела беше соопштено дека наркобосот може да биде екстрадиран во јануари или февруари. Ел Чапо беше приведен во јануари шест месеци откако успеа да побегне од затвор.