Мекалистер: Влијание на Балканот сакаат Русија, Турција, Кина...
Претседателот на Комитетот за надворешно-политички работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер предупреди дека Балканот е чувствително подрачје каде своето влијание истовремено сакаат да го остварат Русија, Турција, Кина, Саудиска Арабија и Катар.
- Балканот е мошне чувствително подрачје, каде во најкус рок може повторно да се активираат судири, изјави Мекалистер за германскиот весник „Ди Велт“.
Мекалистер, кој е член на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, додаде дека Европската унија со сите свои сили се обидува да се спротивстави на тие влијанија.
Тој изјави дека Москва во Србија се обидува да влијае врз медиумите, некои политичари, како и врз цивилното општество.
- Русија во Србија поддржува една дестабилизирачка политика. Тоа дава причина за голема загриженост, рече Мекалистер.
Тој нагласи дека истовремено медумите во Србија имаат голем број приврзаници на руската политика, што според него, исто така е голем проблем.
- За ЕУ тоа може само да значи дека нашата приврзаност кон Србија мора да добие поголема поддршка во тамошната политика и цивилното општество и нашето влијание мора да биде видливо, рече Мекалистер.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово