Фудбал
23. January 2017 - 9:17

Мејсон стабилен по тешката повреда против Челзи

Екипата на Хал е поразена со 2-0 кај лидерот Челзи во меч од Премиер лигата , но печат на средбата остави тешката повреда на гостинскиот играч Рајан Мејсон кој доби фрактура на главата и лекарите на лице место се бореа за неговиот живот. 

Сепак најновите информации велат дека по операцијата Мејсон е стабилен и неговата состојба се подобрува.
Од управата на Хал се заблагодарија на лекарите за брзата интервенција и соопштија дека Мејсон ќе остане и натаму во болница до нормализирање на состојбата. Тој се повреди по судир со домашниот играч Кејхил.
https://