Свет
1. December 2017 - 0:00

Меј: Не се плашам да го критикувам Трамп кога греши

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј изјави дека не се плаши да упати критика на сметка на клучните сојузници.

Таа оцени дека со преобјавувањето на снимката на екстремно десничарската британска група, американскиот претседател Доналд Трамп направил „нешто погрешно".

Американскиот претседател во средата преобјави видео снимка со насилство, наводно извршено од група муслимани, а кое претходно беше објавено од Џејда Франсен, лидерка на антимигрантската група Британија на прво место.

Меј и Трамп

Портпаролот на британската премиерка го опиша овој потег како „погрешен".

- Фактот дека ние работиме заедно не значи дека се плашиме да кажеме кога сметаме дека САД погрешиле и да бидеме многу јасни кон нив. Многу сум јасна, кога велам дека преобјавувањето (на објавата) на Британија на прво место беше погрешен потег, изјави Меј.

Таа, говорејќи во главниот град на Јордан, Аман, истакна дека антиисламската и антиимигрантската група е „омразена организација", која е во контраст со „нормалната британски учтивост". Таа потегот на Трамп го нарече „погрешен“.

Американскиот претседател денеска претпладне на Твитер и порача на британската премиерка дека ќе биде подобро да се фокусира на тероризмот во Велика Британија.

- Тереза, немој да се фокусираш на мене, фокусирај се на деструктивниот радикален исламистички тероризам што се случува во Велика Британија. Нам ни е добро, напиша Трамп на Твитер.

трамп твитер исламизам3

Меј на ова одговори: „Ние ја разбираме потребата да се соочиме со заканата од тероризмот многу сериозно".

Британската влада соопшти и дека не е откажана најавената посета на Трамп на Велика Британија и покрај големиот број повици за нејзино откажување.

Даунинг стрит, како и Белата куќа, потврдија дека официјалната посета на Трамп е планирана, но датумот се уште не е утврден.