Свет
4. јуни 2017 - 10:47

Меј: Инцидентот во Лондон е потенцијален акт на тероризам

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека инцидентот во Лондон ќе се третира како потенцијален акт на тероризам.

- По новите информации добиени од полицијата и од безбедносните претсатвници, можам да потврдам дека ужасниот инцидент во Лондон се третира како потенцијален акт на тероризам, посочи Меј.

Таа им се заблагодари на полицијата и на брзата помош за брзата интервенција.

Меј денеска ќе претседава со состанокот на владиниот безбедносен комитет Кобра.

Во меѓувреме, градоначалникот на Лондон, Садик Кан синоќешниот напад го оцени како „намерен и кукавички“.

- Се уште не ги знаеме сите детали, но ова беше намерен и кукавички напад врз невини жители на Лондон и посетителите. Најсилно го осудивам. Не постои какво било оправдување за ваква варварска акција, посочи Кан.