Свет
1. November 2017 - 21:01

Меј и Трамп во борба против идеологијата на терористите на интернет

Британската премиерка Тереза Меј и американскиот претседател Доналд Трамп денеска разговараа за потребата да се зајакне борбата против идеологијата на екстремистите на интернет, соопшти кабинетот на британската премиерка. 

Во соопштението се наведува дека Меј го побарала Трамп со цел да му изрази сочуство поради нападот во Њујорк. 

- Попладнево британската премиерка разговараше со Трамп и му изарзи сочуство за вчерашниот напад во Менхетен. Таа изрази длабока вознемиреност и жалење поради загубата на животите, соопшти Кабинетот.