-->
-->
Меј: Договорот за Брегзит е речиси постигнат
-->
Британската премиерка Тереза Меј ги повика пратениците да ја поддржат во последните фази од подготовка за излегувањето на Велика Британија од ЕУ и рече дека преговорите се во најтешка фаза, иако и постигнувањето договор е блиску.
– Служењето на националниот интерес бара од нас да ја зачуваме самодовербата во овие последни фази од преговорите, кои се најтешкиот дел, рече Меј.
Таа потсети дека во последните три недели нејзината Влада постигна договор за повеќето прашања од Брегзит – од Гибралтар до безбедноста.
– 95 проценти од Спогодбата за напуштање и протоколите се регулирани, изјави британската премиерка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата