Свет
8. December 2017 - 12:53

Меј: Договорот со ЕК ги гарантира правата на граѓаните на ЕУ и Велика Британија по Брегзит

Британската премиерка Тереза ​​Меј изјави декан постигнатиот договор на со Европската комисија ги гарантира правата на речиси три милиони граѓани од ЕУ во Велика Британија и на еден милион Британци во земјите од Унијата.

Таа потврди дека нема да има „„тврда“ граница меѓу Северна Ирска и Република Ирска по Брегзит. Проблемот со таа граница беше голема пречка за понатамошниот тек на преговорите меѓу Лондон и Брисел.

Меј истакна дека според постигнатиот договор со Европската комисија границата ќе остане отворена, се додекасе почитува уставната и економска целовитост на Обединетото кралство.